Забава

На 10-ти мај нови проекции на хит филмови на охридското кино

Охрид, 29. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Националната Установа, Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид во соработка Дистрибутерската куќа „МЦФ МКД“ од Скопје, а во рамките на проектот „Мобилно 3D кино“, повторно ќе прикажуваат атрактивни филмски кино проекции.

На 10-ти мај ќе бидат прикажани три нови хит филмови:

– Храбриот Петел во 3D – 17:00 часот (влезот чини 200 денари)
– Пред да се разбудам – 19:00 часот (влезот чини 150 денари)
– Капетан Америка: Граѓанска војна – 21:15 часот (влезот чини 200 денари)

Филмот „Храбриот Петел“ е наменет за најмладата публика и ќе биде синхронизиран на македонски јазик. Тото е млад петел кој посакува повеќе од тоа да ги буди сите животни секое утро. Сака да биде голем борбен петел. Животот ќе му ги исполни желбите на неочекуван начин.

beforeiwake

Американски хорор-трилер „Пред да се разбудам “ е во режија на Мајк Фленеган кој е автор и на сценариото заедно со Џеф Хаурд.

captain-america-civil-war

Марвеловиот „Капетан Америка – Граѓанска војна“ продолжува таму каде што филмот „Одмаздници – Ерата на Ултрон“ заврши. Стив Роџерс ќе го води новиот тим на Одмаздниците за зачувување на човештвото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење