Забава

Петто издание на Truck & Roll

Охрид, 29. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 1-ви мај, охридскиот рок бенд Backdoor Band, по петти пат ќе го организира настанот Truck & Roll.

Големата Првомајска Rock N Roll забава ќе биде на Градскиот плоштад, на влезот од Градското пристаниште. Љубителите на добрата рок музика ќе имаат можност да се забавуваат со одбраните рефрени и богатиот репертоар на песни, кој го селектираа членовите на бендот. Ќе бидат отсвирени нивните авторски популарни теми, како и дел од големите светски рокенрол песни.

Музичкиот настан ќе започне во 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење