мај 3, 2021

Скопје, 3. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од 21:00 часот на 2-ри мај 2021 до 05:00 часот на 3. мај 2021 година, констатирано е дека 49 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие пак (2-ри мај/3-ти мај 2021 година) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 260 прекршоци.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на COVID-19. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука