Струга

Општо народна веселба за Успение на Пресвета Богородица во селото Збажди

Струга, 24. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми август точно напладне во селото Збажди пред селската црква ќе започне општо народна прослава по повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За време на празникот секоја година освен локалните жители, посетителите од Охрид и Струга, селото го посетуваат и иселениците од Америка и Австралија. Во селото се наоѓа постара селска црква која е градена при крајот на XIX век и го носи името “Пресвета Богородица “. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива