Економија Избор Охрид

„Гир Риг“ со осмомартовско изненадување за охриѓанки и гостите (Фото)

Охрид, 7. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на празникот на дамите, од салонот за мебел „Гир Риг“ денес со пријатно изненадување за охриѓанки, но и гостинките кои викендов престојуваа во Охрид.

Имено, денес во центарот на градот, посебна екипа на претставничките на поубавиот пол им делеше цвеќиња со желби за најубаво поминат празник.

girrig8mart20157

girrig8mart20152

– Со оглед на фактот што оваа година празникот се падна во недела, одлучивме денес, и покрај релативно студеното време, да не ги заборавиме нашите купувачи, особено дамите, кои се нашите најверни и најредовни посетители. По еден скромен цвет за нив е најмалку што можевме да направиме за да им го одбележиме денот, на начин на кој заслужуваат тоа да се прави секој ден, во текот на целата година, велат од „Гир риг“, компанијата која неодамна наполни 20 години во кои успешно опстојува на пазарот во Охрид, а веќе успешно работат и салоните во Битола и Кичево.

girrig8mart20153

girrig8mart20154

Додаваат дека имаат уште едно посебно изненадување за своите потрошувачи – 5 до 20 % попуст до 20-ти мај, за како што велат, да ја испратиме зимата, и потоа уште повеќе саемски изненадувања.

girrig8mart20155

girrig8mart20156

Компанијата „Гир Риг“ започна со работа во 1994. година во салон на само 80 м2 и неколку вработени. Од 2004. година работи во сопствени простории на преку 2.500 м2. Во 2009. година е отворен салонот во Битола. Само две години подоцна салонот за мебел „Гир Риг“ беше прогласен за најпопуларен на територијата на Битола, каде компанијата денес поседува сопствен модерен салон на преку 500 м2. Неодамна „Гир Риг“ отвори нов салон на над 1.000 м2 во Кичево. (Крај)

извор: Супер радио фото: Супер радио