февруари 25, 2021

Скопје, 25. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, при што се регистрирани 582 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

-Скопје 274
-Прилеп 55
-Кавадарци 40
-Куманово 24
-Гевгелија 23
-Неготино 20
-Тетово и Велес по 18
-Охрид 13
-Струмица 12
-Битола и Кочани по 10
-Гостивар 9
-Штип и Струга по 8
-Крушево 7
-Крива Паланка и Богданци по 5
-Валандово 4
-Дебар и Виница по 3
-Ресен, Делчево, Пробиштип, Кратово и Демир Капија по 2, Кичево, Демир Хисар и Берово по 1

Починати се 13 лица, 6 пациенти од Скопје (64, 66, 72, 74, 77 и 89 години), три од Прилеп (48, 72 и 83 години), и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61 години), Охрид (75 години), Крива Паланка (83 години) и Пробиштип (79 години). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 374 оздравени пациенти од:

-Скопје 160
-Охрид 59
-Струга 24
-Кавадарци 20
-Прилеп 14
-Тетово 12
-Гевгелија и Велес по 9
-Куманово 8
-Ресен 7
-Дебар 6
-Битола, Штип и Радовиш по 5
-Делчево 4
-Неготино, Гостивар, Крива Паланка и Берово по 3
-Струмица, Крушево, Валандово, Пробиштип, Кратово и Кичево по 2
– Кочани, Виница и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 512.692 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.214, бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука