Виена, 1. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – 60-годишна Албанка од Косово роди близнаци во австрискиот град Велс, јавија локалните медиуми.– Во клиниката Велс-Гризкирхен се родија момчињата Елдион и Елмедин. И бебињата и мајката се во многу добра здравствена состојба, соопшти д-р Алфред Бахрере. Тој објасни дека на овие години е скоро невозможно забременување по природен пат. Пациентката зачнала по вештачки пат во Турција.Двојката веќе има ќерка, но и двајцата сакале да имаат синови. Според портпаролот на болницата ризикот бил висок, не само поради возраста, туку и поради дијабетесот на мајката. (Крај)извор: АФП фото: АП
Прочитано: 7