За Охридцките работи

50 нијанси Охрид – Не парапетче од 20 см, ѕид да се кренит и пуштање надвор само со лекарско!

За Охридцките работи
Бр. сл. 016/03/2015
Охрид, 13. март 2015 година

Читам деновиве паднал предлог да се кренит едно ѕидче од така, 20-тина сантиметри околу цело езеро…

Не…

Најдобро е да се кренит ѕид од едно два метри со бодликава ограда и струја да поминува низ неа, ама околу цел Охрид. Една врата и внатре да можиш да влезиш, ама надвор да не можиш да излезиш. Пуштање само со валидно лекарско, не постаро од шест месеци и потврда од родител.

А и не ни е овој прв предлог за ѕид, нели ѕид на плачот ќе се правеше во Ерусалимов наш Балкански. Ама кој ќе памтит сега такви работи…

Нема трте мрте, нашето (лудило) дома да си останиТ. Барем да не ни се смејТ светов.

49 нијанса Охрид!!!

„Да мој је Охрид Швицарска,
скоро па савршен“

Ееее шо време дојде, Дино Мерлин да го цитират чоек… До таму е дојдена работава.

Ок, имаше и други цитати од овој „пустинскиов“, па не бил Супермен, па Чускије дек не падале (милионерско-струшко прашање) и така… Дур сечите вени по него само да Ве потсетам дека порано имаше албум објавено и коверот му беше ко кутија Малборо. Толку за него…туку за „савршеноста“ ми беше муабетот…

Интересен овој стих – скоро па савршен, тој за животот негов си пее, ама и за Охридчо наш некако супер ми лежи муабетов. Давал Господ овде убавина, давал, давал, дури се заборавил. И ја растурил Тој на сите страни, ама за да биде „скоро па савршен“, а не „савршен“ во него ставил да живеат посебен вид луѓе. На сите страни ставил в.д. – вршители на должноста. И затоа денес си имаме в.д. власт, в.д. медиуми, абе вршители на сите страни. И после се чудиме на крајот на денот ко ќе ни дојдат на врата (из)вршители. Тоа е, уште еднаш се напивме шеќерна водичка, не „купија“ со големи зборови и силни ветувања (некои слушам и со поконкретни понуди), па ни дојдоа неколку „бараби“ кои „ја решија равенката“. Сега мавајте им по налог лајкови на нивните „брзај, брзај прваче“ статуси. Уште еднаш, по којзнае кој пат дозволивме да не направат гастрбајтери и кираџии во сопствениот град и држава.

48 нијанса Охрид!!!

Го читам деновиве овој „варошанецов“ од кумановско Младо Нагоричане викат (цитирам) „Логично е да се зголемат цените на услугите на црквата, кога стандардот на македонските граѓани расте“. (затворен цитат).

Така си е…

Лесно е да „се загиниш“ кога си имате фирма што работи веќе 2.000 години, ни фискални, ни плати, ни ДДВ, ни контрола. Ми те разбирам потполно јас дедо Владика. Ај полека без нервози, ќе Ви плаќаме и за ова, пошто висок ни е стандардот. Што е тоа за жителите на втората економија во Европа?

47 нијанса Охрид!!!

Од другите вести денојве секако за споменување е и фактот што спортската сала, која никако да се договориме како се вика, добила струја!!!

Да, да.. добро слушнавте – пуштена е струја. Пукнете душмани од мака.

Откако за рекордни три недели успешно го исчистивме снегот во центарот на градот, нашите трудбеници (преродбеници и уште неколку вакви со … ници) успешно го завршија сложениот процес на вклучување на електрична енергија во Спортскиот центар „Билјанини извори“ а.к.а. „Атина Бојаџи“, што се реализираше за рекордни 4 месеци (без една недела). Ова е само уште еден доказ дека сме на исправен пат и дека храбро чекориме кон Кукуле, по делницата трасирана од лидерот.

Побрзо ја изградија салана (и не ја платија), отколку Вие шо пуштивте струја бе стручњаци…

Ама аку – „Скопје чади, Охрид се гради“ – остваруваме.

46 нијанса Охрид!!!

А и што да очекува човек од генијалци елката на плоштад што ја чуваа до 02.02. Можда ради симболиката на датумов, ама не ми се вервит искрено…

45 нијанса Охрид!!!

Во очекување на грандиозниот Зимски Центар на Галичица ни останува да возиме слалом меѓу дупките на „Туристичка“, велеслалом меѓу шахтине на „пистана“ (АСНОМ) и комбиниран слалом меѓу шахтине (и дупкине) во Влашка маала и бехатонскине крпеници на „7-ми Ноември“. Ако продолжат вака уште малку со бехатонов, наскоро ќе заличиме на Ресен од најдобрите времиња на калдрмата.

Парапетче викаш од 20 сантиметри а…?
Крап да мрестиме или туризам да развиваме прашвиш, а?…
Ко шо сме тргнале – џам ќе свиткаме.

И затоа не прашувајте за кого пукаат „Бомбите“, тие пукаат за тебе!!!
(извини чичко Хемингвеј, морално беше)

Продолжете си ги сами нијансиве сиво, има многу повеќе од 50.

(Писаниево е скроено на петок 13-ти. Пазите да не Ви поминит црн (или било каков) политичар преку патот денес, ќе имате несреќа 4 години)

Ај со лес.
Сашо Митан