Охрид, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – 66-годишниот П.В., вчера околу 18:30 часот бил пронајден мртов во семејната куќа во охридското село Лескоец.
– Лицето освен македонско имало и австралиско државјанство. Починатиот го пронашле роднини, кои ја известиле полицијата, информираат од МВР.
Доктор од Итна помош на телото на починатиот не открил знаци на насилна смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е однесено за обдукција. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 3