март 6, 2021

Скопје, 6. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, при што се регистрирани 722 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

-Скопје 375
-Прилеп 44
-Кавадарци 35
-Гевгелија 29
-Битола 25
-Гостивар 23
-Тетово 22
-Куманово 20
-Охрид 16
-Штип 15
-Крива Паланка 14
-Неготино 13
-Велес 11
-Струмица, Струга и Кочани по 10
-Богданци 9
-Кичево, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Берово и Крушево по 5
-Валандово 3
-Делчево, Пробиштип и Демир Капија по 2
-Кратово и Демир Хисар по 1

Починати се 8 лица, по 4 пациенти од Скопје (81, 75, 74 и 73 години) и по 1 пациент од Пробиштип (88 години), Струмица (88 години), Кичево (72 години), Куманово (70 години), и Битола (61 години). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 186 оздравени пациенти од:

-Скопје 50
-Прилеп 29
-Кавадарци 25
-Куманово 15
-Тетово 14
-Велес 9
-Неготино 8
-Кочани и Гевгелија по 6
-Гостивар 5
-Струмица и Крушево по 4
-Богданци 3
-Штип, Свети Николе и Валандово по 2
-Делчево и Пробиштип по 1

Досега во земјата се направени вкупно 540.725 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука