март 2, 2021

Скопје, 2. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.144 тестирања, при што се регистрирани 726 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

-Скопје 367
-Прилеп 53
-Куманово 34
-Неготино 29
-Кавадарци 26
-Битола 25
-Охрид 23
-Крива Паланка 21
-Велес 18
-Тетово 17
-Гевгелија 14
-Гостивар 12
-Кочани 10
-Штип и Струга по 9
-Пробиштип 8
-Демир Капија 7
-Струмица, Берово, Крушево, Кратово и Демир Хисар по 5
-Кичево 4
-Свети Николе и Ресен по 3
-Делчево, Виница, Валандово и Богданци по 2
-Македонски Брод 1

Починати се 7 лица, по 2 пациенти од Скопје (77 и 74 години) и Кичево (71 и 51 години) , и по 1 пациент од Битола (72 години), Неготино (67 години) и Кавадарци (64 години). Шест пациенти се починати во болнички услови, еден пациент во домашни услови.

Регистрирани се 368 оздравени пациенти од:

-Скопје 154
-Прилеп 61
-Охрид 25
-Битола 17
-Велес и Струга по 14
-Куманово 12
-Тетово и Гевгелија по 9
-Штип 7
-Гостивар и Струмица по 6
-Делчево 5
-Дебар 4
-Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш по 3
-Крива Паланка, Пробиштип, Кратово и Валандово по 2
-Неготино, Крушево, Свети Николе, Богданци и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 526.870 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.746, бројката на оздравени пациенти е 91.875, на починати е 3.151, а бројот на активни случаи изнесува 8.720. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука