Македонија

Поефтини цени за дизелот

Скопје, 23. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Малопродажната цена на еуродизел од ноќеска на полноќ се намалува за два денари и со тоа новата цена ќе изнесува 53,50 денари за литар.

Цените на бензините остануваат исти, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. Цената на еуросупер БС-95 изнесува 67,50 денари за литар, а на еуросупер БС-98 69,50 денари за литар.

Малопродажната цена на еуродизел од ноќеска на полноќ се намалува за два денари и со тоа новата цена ќе изнесува 53,50 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство се намалува за 1,50 денар и новата цена изнесува 42,50 денари за литар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива