Спорт

АТП: Џек Сок го освои Мастерсот во Париз

Париз,6. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Џек Сок ја освои титулата на Мастерсот во Париз. Американецот во финалето ја совлада српската сензација Филип Крајиновиќ со 5:7, 6:4, 6:1.

Сок го забележа најголемиот успех во кариерата ја освои првата титулата на турнирите од Мастерс серијата и од денес за прв пат ќе биде дел од Топ 10 на АТП листата.

Српскиот тенисер не успеа со титулата да ја заокружи извонредната недела во Париз.На турнирот влезе преку квалификациите, а потклекна дури во завршниот меч.

Крајиновиќ од денеска  ќе биде 33 на АТП листата. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење