Спорт

Харден одигра животна партија за победа на неговиот Хјустон, Порзингис со личен рекорд направи пресврт за Њујорк (Видео)

Хјустон,6. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Џејмс Харден постигна неверојатни 56 поени за Хјустон и успеа да му донесе победа во дуелот со Јута со резултат од 137-110.

Харден беше пократок само за еден поен од најдобриот клупски ефект на Калвин Марфи кој има постигнато 57 поени против Њу Џерси во далечната 1978 година. Неговиот ефект беше погодени 19 од 25 од игра,  седум тројки од осум удари и  единаесет погодени од дванаесет обиди од линијата за слободни фрлања. Покрај неговото име запиша и 13 асистенции. Досегашниот рекорд на Харден беше 53 поени  и досега шест пати ја има поминато границата од 50 поени во кариерата.

Кошаркарот на Њујорк Никс, Кристапс Порзингис имаше своја вечер во победата на неговиот тим против Индијана постигнувајќи 40 поени. Њујорк губеше целиот натпрвар и благодарение на играта на Порзингис, успеа да изедначат на минута и пол до крајот на натпреварот,за да на крај да успеат Никси и да го добијат мечот со 108-101.

https://youtu.be/IPo0rOR55y8

Резултати НБА :

Орландо – Бостон 88: 104
Торонто – Вашингтон 96: 107
Хјустон – Јута 137: 110
Сан Антонио – Феникс 112: 95
Њујорк Никс – Индијана 108: 101
Минесота – Шарлот 112: 94
Портланд – Оклахома 103: 99
Лос Анџелес Лејкерс – Мемфис 107: 102
Кливленд – Атланта 115: 117
Лос Анџелес Клиперс – Мајами 101: 104. (Крај)

извор: Дерби.мк фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење