Избор Охрид

Ученици од ОУ „Ванчо Николески“ во посета на „ИН“ телевизија

Охрид, 26. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Седмоодделенците од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец, со своите одделенски раководители, вчера беа во посета на сателитската „ИН“ телевизија.

– Посетата беше испланирани и остварена во рамките на програмата за соработка со родители „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, која веќе неколку години се спроведува, а е според насоки од Министерството за образование. Како еден од начините за соработка со родители подразбира родител – гостин, кој пред учениците ќе зборува за својата професија, со цел учениците да се запознаат со повеќе видови професии. Нашиот родител – гостин, г-дин Ване Петкоски, предложи средбата да се случи во ТВ „Ин“, каде што тој е главен и одговорен уредник. На средбата учениците се запознаа со работата на уредникот, но и со работата на водителите, камерманите и монтажерите. Покрај информациите кои ги добија, учениците имаа можност и самите да видат како се одвива работата пред камерите и зад камерите, информираат од учииштето.

decaposetaintv2 decaposetaintv3Додаваат дека средбата поминала одлично и учениците биле многу задоволни од истата.

– Најхрабрите од нив застанаа и пред камерите испробувајќи се во улога на водители. Дел од учениците повеќе беа заинтересирани за монатажата, па многу време поминаа со монтажерите поставувајќи многу прашања, додаваат од ОУ „Ванчо Николески“ од селото Лескоец. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива