Скопје, 3. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, при што се регистрирани 807 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
-Скопје 359
-Куманово и Охрид по 38
-Кавадарци, Струмица и Неготино по 36
-Гевгелија 35
-Тетово и Прилеп по 34
-Гостивар 29
-Битола 25
-Велес 24
-Крива Паланка 12
-Кочани и Крушево по 11
-Ресен 6
-Струга, Кичево и Валандово по 5
-Пробиштип и Богданци по 4
-Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар по 3
-Делчево и Радовиш по 2
-Свети Николе, Виница, Кратово и Демир Капија по 1
Починати се 5 лица, по 4 пациенти од Скопје (80, 74, 68 и 65 години) и 1 пациент од Штип (81 години). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 314 оздравени пациенти од:
-Скопје 135
-Кавадарци 61
-Прилеп 41
-Неготино 16
-Куманово 12
-Тетово 11
-Велес 7
-Гостивар и Кратово по 5
-Штип и Битола по 4
-Гевгелија 3
-Ресен и Пробиштип по 2
-Охрид, Кочани, Радовиш, Берово, Виница и Крушево по 1
Досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања на COVID-19.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство