Избор Охрид Хроника

Ограбена куќа во Велгошти

Охрид, 8. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 22:00 часот на седми јануари до 01:00 часот на осми, непознат маскиран сторител извршил разбојничка кражба во куќата на М.Л. на улицата „Манастирска“ во селото Велгошти.

– Сторителот со подесен алат влегол во куќата и во моментот кога бил во спалната соба бил затекнат од сопственичката М.Л.. Во тој момент сторителот ја нападнал М.Л. Тој ја влечел за коса и и упатувал закани. Откако успел да стави неколку предмети по џебовите побегнал во непознат правец, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива