Забава Избор

Ирма и Марио со нов ковер хит „Somebody Else“ на The 1975 (Видео)

Охрид, 9. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ирма Гогова, севкупниот победник на Талент шоуто OhridSUPERSTAR го издаде коверот на песната „Somebody Else“ на The 1975.

Песната која Ирма ја изведува заедно со својот брат Марио е најава за нивната прва заедничка авторска песна, која е комплетно дело на Марио, кој е веќе втора година на музичка академија.

Ирма Гогова од Охрид е прогласена од страна на жири комисијата за најдобра на првото издание на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR. Ирма Гогова учи во Гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, на јазично-уметничкиот смер. Претходно има учествувано на хуманитарни настапи, патронати, има неколку настапи на телевизија, оди и на хор во Гимназијата веќе 3 години и има настапувано во Белгија, Хрватска, Србија и други земји.

Повеќе за Ирма ОВДЕ, а сега слушнете ја нејзината верзија на „Somebody Else“ на The 1975, заедно со нејзиниот брат Марио.

извор: ОхридПрес фото: архива