Избор Охрид Хроника

Кривична за двајца пештанци фатени со 237 парчиња белвица

Охрид, 9. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Р (60) и С.Р (36) и двајцата од Пештани. 

Пријавените, казненото дело го сториле на 28-ми ноември минатата година околу 17:00 часот, кога со кајче управувано од М.Р влегле во водите на Охридското Езеро. Тоа го направиле откако претходно во кајчето ставиле комплетен риболовен алат и две рибарски мрежи, со кои е забранет риболовот согласно одредбите од Законот за рибарство и аквакултура. Двајцата пријавени, рибарските мрежи ги фрлиле во водите на Охридското езеро на подрачјето над Пештани, по што уловиле 237 парчиња риба „белвица“ со вкупна тежина од 19 килограми и 615 грама.
Полициските службеници ги затекнале пријавените во момент по излегување од езерските води и изнесување на рибарскиот прибор и мрежите  заедно со уловените риби, информираат од СВР Охрид.

За настанот бил известен дежурен Јавен обвинител, а по наредба на судија на претходна постапка при Основен суд Охрид, извршен е претрес на пловниот објект и одземени се мрежите и другиот риболовен алат заедно со уловената риба во свежа состојба. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива