Избор Охрид

Метео: Претежно облачно и ветровито со температура до 7. степени

Охрид, 12. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес претежно облачно. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од источен правец.

Максималната температура во Охрид до 7. степени.

– Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Од утре кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса, што ќе услови во следните два дена врнежи од снег да има и во некои котлини, особено во северните делови. Врнежите ќе бидат со слаб, а повремено на места со умерен интензитет, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес