Спорт

Јувентус повторно купува на „Олимпико“

Торино, 12. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Иако Римјаните се уште не им простија на Јувентус за „кражбата“ на Миралем Пјаниќ, торинскиот клуб сега има намера да им зададе нов удар.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Јувентус се заинтересирани за доведување на фудбалерот за врска Лоренцо Пелегрини. Наводно 21-годишниот фудбалер би бил идеалното засилување во тимот на Масимилијано Алегри оваа зима, па „Бјанконерите“ за неговите услуги се подготвени да издвојат 25 милиони евра.

Наводно поради финансискиот фер-плеј, Рома ќе мора наскоро да се ослободи од некој играч, па заминувањето на Пелегрини во Јувентус е прилилно реална опција.

Пелегрини се смета дека еден од најперспективните играчи за врска. Оваа сезона тој игра во одлична форма и настапи на 21 натпревар во дресот на Рома при што два пати се запиша во листата на стрелците а три пати асистираше. (Крај)

извор: Точка фото: архива