Избор Локална самоуправа Охрид

Стојаноски на средба со хотелиерите за добро саемско претставување на Охрид и правилно буџетско планирање за туристичко – угостителскиот сектор

Охрид, 12. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – На иницијатива на општина Охрид, градоначалникот Јован Стојаноски денеска оствари средба со охридските хотелиери.

– Првата и основна причина која ја одржуваме оваа денешна средба е организацијата на саемските настани кои што следуваат во текот на јануари, февруари и понатаму, за да имаме еден организиран настап и едноставно одиме на онаа зацртана агенда на локалната самоуправа, а тоа е да разговараме со директните актери, значи со бизнис секторот да разговараме што се треба да направи општината за да имаме еден добар настап, а првичната цел на разговорот е да утврдиме кои се целните пазари на кои што и општината Охрид треба да ги потпомага хотелиерите и сите бизнисмени кои што се поврзани со туризмот, потенцира Стојаноски.

jovanstojanoski

Градоначалникот подвлече дека на овој начин е реновирано буџетското планирање, да се издвојуваат буџетски средства во склад со барањата на целните сегменти или на самите граѓани, а во случајов станува збор за целниот сегмент хотелиери и туристички работници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес