Избор Охрид

За Стара Нова година СИТЕ ВО ОХРИД – вечерва концерт на Љубојна

Охрид, 13. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со голем концерт на еден од најоригиналните домашни музички состави – Љубојна на Градскиот плоштад во Охрид, продолжуваат настаните кои се дел од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

Новиот концепт на прослава на Нова година и сите празници во овој период од годината во Охрид се покажа како полн погодок за огранизаторите, на задоволство на бројните гости од земјата и странство кои уживаат во убавините на градот и богатата програма. Хотелиерите и останатите угостителски работници понудија и прифатливи цени, што резултираше со одлична исполнетост на градот во овој период од годината.

– Македонска традиционална музика, ноти извадени длабоко од срцето кои раскажуваат за некогаш и денес, за неповторливо оригиналниот, вистински и отсекогаш модерен звук. На едно место музика за душа во најубавиот град. Дојдете вечерва на Градскиот плоштад во Охрид. Концертот започнува во 21:00 часот, порачуваат организаторите.

Сите манифестации се дел од поголемиот проект за промоција на Охрид во обид за максимално продолжување на туристичката сезона насловен како „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

zarmenakitrozИзминатата недела имавме одличен настап на Жармена и Китроз на Градскот плоштад, а беше промовирана и книгата „Охрид во 10“.

ohridvo101Од остатокот на програмата утре на новата сцена кај малиот плоштад кај Мини маркет ќе се одигра новогодишната театарска претстава – ПХВ Шоу (Промоција на хумани вредности Шоу) од Клубот на млади при ООЦК Охрид, следуваат и Трката на келнерите, Изложбата на отворено на најубави фотографии од Охрид, Фестивалот на графити и модерна уметност…

od20do20bilbordНа 19-ти јануари за големиот верски празник Водици ќе настапат Фолтин, со што ќе биде крунисана целата манифестација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива