Избор Охрид

20 години Василичарски Карневал во Куратица

Охрид, 13. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридското село Куратица е подготвено за прослава на 20 години постоење на Василичарскиот Карневал, кој полека прераснува во вистински бренд и препознатливост на ова село.

Василичарите и годинава го запалија василичарскиот оган кој ќе гори до денес, 13-ти јануари. Неколку илјади посетители секоја година до раните утрински часови се дел од овој карневал, кој датира од далечната 1575 година.

Програмата за Василичарскиот Карневал 2018 во Куратица започнува денес, во 17:00 часот со тргнување на василичарската поворка. Василичарите ќе ги посетат сите домаќинства.

Главната свеченост е утре, со почеток во 19:00 часот за кога е предвидено завршното василичарско празнување со дефиле на маските. За музичкиот дел оваа година ќе бидат задолжени членовите на „Екстра Бенд“ од Скопје, а програмата ќе ја водат Игор Трпчески и Маја Бимбилоска. Според програмата, околу 22:30 часот ќе бидат прогласени најдобрите маски, а забавата ќе заврши со голем огномет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива