Избор Охрид

Следете го прославувањето на празникот Богојавление Водици во живо (Видео)

Охрид, 19. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – За сите заинтересирани ширум светот кои сакаат да го проследат овој голем настан, охридската локална самоуправа обезбеди пренос во живо на интернет.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Проследете го одбележување на празникот Богојавление – Водици, односно за најмасовната ваква црковно-народна манифестација.

По утринските богослужби и литургијата, во 09:45 часот тргнува литијата од сите парохиски цркви и се упатува кон градското пристаниште. Во 10:00 часот ќе биде извршен големиот водосвет, односно положување на чесниот крст во водите на Охридското Езеро. Оваа година се пријавени над 350 капачи.
извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид видео: Општина Охрид