Избор Охрид Хроника

Тешка сообраќајка кај Опеница, загина едно лице

Охрид, 21. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – На магистралниот пат Охрид-Ресен кај селото Опеница, ноќеска во 02:30 часот се случила сообраќајна несреќа во која загина едно лице.

– Незгодата се случи помеѓу патничко моторно возило „Фиат Мареа“ со охридски регистерски таблици, управувано од 21-годишниот С.М. од селото Оровник, Општина Дебрца и патничко моторно возило „Фиат Пунто“ управувано од 63-годишниот Т.К. од селото Лескоец. Во сообраќајната незгода на местото на настанот починал совозачот во возилото „Фиат Пунто“, 50-годишниот К.М. од селото Лескоец, а со телесни повреди се здобиле возачот Т.К. и уште двајца сопатници од истото возило – 38-годишниот М.М. и едно 13 годишно дете. На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива