Забава Избор Охрид

Хуманитарна забава за роденденот на Тоше Проески

Охрид, 25. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – По традиција, со забава младите на Црвен крст Охрид денеска ќе го одбележат роденденот на нашиот голем хуманист, Тоше Проески.

Под мотото „Тоше во нашите срца, хуманост во нашите дела“,во кафе барот „Шила“ ќе се одржи хуманитарна забава.

Младите ќе се потсетат на хуманите дела и безвременските хитови на Проески во изведба на новоформираниот охридски бенд „Lucky Strikes“.

Цените на влезницата и пијалоците се прилагодени да бидат достапни на сите посетители. Почетокот на забавата е во 21:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива