ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид

Стартува изработката на интегралниот План за управување со сливот на Охридското езеро

Охрид, 25. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Започнува изработката на интегралниот План за управување со сливот на Охридското езеро, во рамките на Дримскиот процес.

Ги Запознаваме Ретките Болести

Неделава биле одржани и првите координативни состаноци, а ќе се работи во следниве 18 месеци, информира Дејан Пановски, национален координатор на ГЕФ Дримски Проект и член на кор-групата.

Средствата во висина до 360 илјади долари се обезбедени од Глобалниот еколошки фонд за спроведување на Проектот за Дримскиот басен.

Токму изготвувањето на планот за управување со сливот на Охридското езеро, како алка која недостасува беше потенциран и на Петтата Конференција на заинтересираните страни за управување со Дримскиот басен, што во месец ноември минатата година се одржа во Подгорица, Црна Гора.

Со овие чекори кои се превземаат, се реализира компонента која е од голема важност за управувањето со ресурсите со кои располага поширокиот регион на Охридското езеро. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива