Избор Охрид

„Пролетен ден“ во зима во Охрид (Фото)

Охрид, 27. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Иако зимата, барем календарски е во полн ек, за охриѓани и малиот број гости, продолжуваат временските прилики кои повеќе наликуваат на пролет.

На Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, по Кејот и во стариот дел на градот, летните бавчи од кафулињата денес беа солидно исполнети со гости.

IMG_3345Истовремено, тие можеа да уживаат во сончевиот ден и сосема пријатната температура од близу десетина степени Целзиусови.

IMG_3336 IMG_3329– И во наредните денови ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на утринските и дневните температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла, информираат од УХМР.

IMG_3327 IMG_3323 IMG_3354Крајезерското шеталиште, другарувањето со галебите и лебедите, исто така, е неповторливо доживување за младите, додека постарите уживаа заседнати по клупите на блискиот парк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес