Забава Избор

Роби Вилијамс на концерти веќе нема да ја пее „Angels“

Лондон, 3. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Иако фановите ја обожаваат оваа песна, пејачот Роби Вилијамс одлучи дека веќе никогаш на концерт нема да го исполни својот голем хит, а образложи и зошто.

– Секогаш кога ја пеам „Angels“ едвај се воздржувам да не заплачам и да не изгледам патетично пред своите фанови. Ја гледам својата публика и помислувам „сега ќе заплачам“ и тоа емотивно ме исцрпува – појаснува пејачот.

На неговите концерти, голем број од присутните на оваа песна носат фотографии од оние кои ги сакаат, а се починати и истите ги креваат во воздух додека трае песната.

Нумерата „Angels“ е објавена во декември 1997, а во 2005 година во Велика Британија е прогласена за најдобра песна во последните 25 години. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива