Избор Хроника

Охриѓани учесници во масовна тепачка во ресенско

Охрид, 4. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Доцна синоќа, околу 22:25 часот, во хотел во кој се одржувала веселба, во ресенското село Царев Двор се случила масовна тепачка во која се повредени шест лица.

– Тепачката избила помеѓу лицата: Б.А. (22) и У.Ф. (31) од Охрид, од една страна и Т.К., Е.К., Т.К., Р.К., О.М. од Ресен како и други лица кои биле присутни на забавата од друга страна. Со возило на Итна медицинска помош и приватни возила во Клиничката болница во Битола биле пренесени шест лица, при што кај 47-годишниот Т.К. од Ресен биле констатирани тешки телесни повреди (убодна рана во пределот на градниот кош и расекотина во пределот на лицето), додека кај останатите пет лица биле констатирани телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот, а информирано е и Основното јавно обвинителство од Ресен, информираат од МВР.

Додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива