Избор Охрид

Во Охрид облачно со температура до 8. степени, попладне се очекуваат 10-15 литри дожд на м2

Охрид, 7. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Повеќе врнежи ќе има попладне, особено во западните делови каде ќе наврнат од 10 до 15 л/м2. Во југозападните делови можна е појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 8. степени.

– Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд и снег, како и заладување се очекуваат за време на викендот, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес