Избор Струга Хроника

За да не ги пронајде полицијата, стружанец проголтал две паковки хероин

Струга, 9. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични психотропни супстанци и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишниот Б.И. од Струга.

– Откако полициски службеници го запреле пријавениот при управување моторцикл во близина на кружен тек кај улицата „Јане Сандански“ во Охрид, тој веднаш во уста ставил и проголтал две паковки со кафеава, непозната прашкаста материја. При извршен преглед, кај него пронајдени и одземени се 10 ампули со непозната содржина како и неколку шприцеви и игли. По извршено вештачење, констатирано е дека се работи за опојна дрога хероин и ампули дијазепам, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива