Економија Избор Охрид

Corendon најавува директни летови помеѓу холандски Мастрихт и Охрид

Охрид, 9. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Холандски Corendon ова лето ќе воведе директни летови помеѓу градот Мастрихт и Охрид, како надополнение на сезонските летови од Амстердам до најголемиот туристички центар во Република Македонија.

Според порталот exyuaviation, летовите треба да стартуваат на 6-ти јули, а билетите ќе бидат дел од туристичките пакети за холандските гости. Според истиот извор, ова лето кон Охрид се очекува да бидат воведени нови летови на Brussels Airlines, Nordica и TUIfly.

Според проценките на холандските туроператори, Охрид и поширокиот регион имаат голем туристички потенцијал и со сериозен маркетинг пристап и резултатите нема да изостанат.

Традиционално секоја година првата тура на холандски туристи во Охрид пристигнува на почетокот на мај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес