Избор Свет

„Њујорк тајмс“ со изненадувачки висок профит

Њујорк, 10. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – „Њујорк тајмс“ објави заработка која ги надмина очекувањата, давајќи им на акционерите изненадувачки висок профит.

Вестите на весникот ги кренаа акциите најмногу за десет проценти, вреднувајќи ги за повеќе од 24 долари по акција, ниво кое не е видено од 2007 година. Традиционалните медиумски организации, дури и оние кои нудат дигитални производи се трудат да останат во живот.

Печатењето како сигурен извор на приходи од реклами сè помалку е профитабилен. Во септември „Волстрит џурнал“ објави дека ќе престане да објавува печатени изданија за Азија и Европа. Во претходниот квартал, приходите од рекламите во печатеното издание на „Тајмс“ падна за 8,4 проценти. Од друга страна, приходот на компанијата од дигиталните реклами порасна за 8,5 во истиот квартал.

Тајмсовиот успех е резултат на зголемената дигитална претплата, која порасна од кога Доналд Трамп ја презема функцијата (претседателот на САД повеќепати го обвини „пропаднатиот Њујорк Тајмс“ за објавување на лажни вести). Во претходниот квартал, „Тајмс“ додаде 157.000 дигитални претплатници што доведе до претплата на печатеното и дигиталното издание од повеќе од милијарда долари за 2017 година. Приходот од претплатата сега чини 60 проценти од вкупните приходи. (Крај)

извор: МИА фото: архива