Спорт

Олимписко злато за Велингер на малата скокалница

Пјонгчанг, 11. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Германецот Андреас Велингер го освои олимпиското злато на малата скокалница во Пјонгчанг, обезбедувајќи го вториот златен медал за својата земја на првиот натпреварувачки ден на Зимската олимпијада.

Во втората серија, Велингер скокна 113,5 метри и го израмни рекордот на скокалницата, а тоа беше доволно и за прво место во генералниот пласман и најголем успех во кариерата.

Зад Велингер останаа Норвежаните Јохан Андре Форфанг и Роберт Јохансон, а освојувачот на бронзениот медал исто така го израмни рекордот на скокалницата, што беше доволно за поправање на резултатот од првиот скок и трето место во конечното рангирање.

Победникот од пред четири години во Сочи, Полјакот Камил Стох остана на четвртото место и за малку го испушти медалот во Пјонгчанг. (Крај)

извор: Дерби фото: bbc sport