Избор Спорт

Одличен настап на клубот „Хваранг Фист“ на Таеквондо турнирот во Скопје

Охрид, 19. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Теквондо клубот „Кобра“ од Скопје и Македонската Теквондо Федерација (ВТ) викендов се одржа Теквондо турнир на кој учествуваше и охридскиот клуб „Хваранг Фист“.

hvarangfevruari182– На турнирот зедоа учество сите клубови членки на федерацијата со околу 200 натпреварувачи, а нашиот клуб се претстави со 8 натпреварувачи од кои 5 пионери – дебитанти кои за прв пат излегоа на татамите, на возраст од 5 до 8 години, еден јуниор и двајца сениори. Пионерите, иако за прв пат се среќаваа со борилиштето го покажаа својот квалитет и желбата за успех. Крсте Танкоски го освои златото во пионери до 33 кг, Ѓорѓи Петкоски сребро пионери до 23 кг, Стојанче Томаноски нашиот најмал учесник со 5 години дебитираше и освои бронза пионери до 23 кг, Антонио Груески сребро пионери до 36 кг и Мартин Јанкулоски бронза пионери до 40 кг. Постарите натпреварувачи веќе искусни во својата работа,повторно го потврдија своето место во врвот на најдобрите во Македонија. Василија Јовчески јуниори до 55 кг сребро, Христијан Деспотоски сениори до 54 кг бронза и Филип Јосифоски сениори до 63 кг сребро, информираат од „Хваранг Фист“.

hvarangfevruari183Додаваат дека се презадоволни од постигнатите резултати и дека ова е добар почеток на натпреварувачката сезона и доказ дека се на врвот на македонското Теквондо.

hvarangfevruari184– Презадоволни сме од новата генерација која допрва ќе се покаже на борилиштата дома и пошироко. Василија Јовчески на 4-ти март заминува како член на македонскиот тим на еден од најголемите турнири во околината во олимписко Теквондо, Софија Опен 2018, каде ќе се натпреварува заедно со преку 1.300 спортисти кои ќе собираат драгоцени бодови за ранг листата, додаваат од клубот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Хваранг Фист