Избор Охрид

Внимателно ако патувате кон Скопје, слаб снег на Стража

Охрид, 20. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Авто мото сојузот на Македонија утринава соопшти дека снег со слаб интензитет провејува во Маврово и на планинскиот превој Стража, а во Гостивар врнежите се од дожд и снег.

Поради појава на магла утринава има намалена видливост од 50 до 60 метри на патот Тетово – Попова Шапка, до 50 метри на патот Делчево – граничен премин Делчево и до 100 метри во Крушево.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, додека на повисоките планински места во западните и југозападните делови од државата, по интервенцијата на екипите на „Македонија пат“ има остатоци од кашест снег, но тој не е пречка за сообраќајот. (Крај)

извор: АМСМ фото: ОхридПрес