Здравје Избор

Актуелни истражувања за мозочен удар

Охрид, 20. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Додека го читате натписов повеќе од 16.000 Македонци се борат со мозочниот удар и неговите последици.

Мозочниот удар е најчеста причина за инвалидитет, а втора за причина за смртност во нашиот регион. Најмалку 1/2 од прежвеаните од мозочен удар се перманентно онеспособени, што ја прави болеста главна причина за физичка, когнитивна, емоционална, социјална и работна неспособност. Затоа третманот на исхемичните мозочни удари представува вистински предизвик.

Хоризонт 2020 – истражувачка програма, финансирана од ЕУ за периодот 2014-2020 година

Кај 20% од болните времето на почетокот на болеста е непознато бидејки симптомите се препознаваат кога пациентот се разбудил од сон. Оваа голема група на болни е исклучена од третманот со интравенска тромболиза.

wakeupstudyWAKE-UP студијата развива нов  пристап кон пациентите кои се здобиле со мозочен удар во сон, користејќи посебна техника на магнетна резонанца односно снимање на мозокот. Овој иновативен метод на анализа на мозокот кај мозочните удари овозможува да се одреди прецизно времето на почеток на мозочниот удар. Целта на WAKE-UP студијата е да се тестира ефикасноста и безбедноста на третманот со тромболиза базирана врз МРИ наодите кај пациентитте со мозочен удар. Може ли терапевтското ладење на оргнизмот – медицински предизвикана хипотермија да го подобри исходот од мозочниот удар?

eurohyp1Одговор на ова прашање нуди студијата Euro HYP. Терапевтското ладење – хипотермија значи намалување на телесната темература на пациентите со помош на примена на ладни инфузии чија температура е 4 степени целзиусови во тек на 30-60 минути, следено со пад на телесната температура до 34-35 степени Целзиусови во траење од 12 часа. Намалувањто на телесната температура кај будни пациенти со мозочен удар се покажало дека е безбедна метода, но дали таа метода го подобрува функционалното опоравување кај мозочниот удар се` уште не е докажанo.

Пациентите по мозочен удар често имаат проблеми со голтање, инфекција или покачена телесна температура во тек на болничкиот третман. Истите значат и поголема веројатност за лош исход. Вообичаено, овие состојби се третираат само ако симптомите станат очигледни.

precious1PRECIOUS студијата ќе тестира дали е подобро за опоравувањето да се искористи третманот за да се превенираат овие компликации од случување, отколку да се чека да се случат.

svdstargetSVD – Small Vessel Disease претставува болест на малите крвни садови и капилари во мозокот која допринесува за најголемиот број на случаи на хеморагичен мозочен удар, четвртина од исхемичните мозочни удари и придонесува за најмалку од 40% од случаите на деменција. SVD проектот кој е фокусиран на идентификување на клучните фактори за појава, но и третман на болестите на малите крвни садови.

mozocenudar