Избор Култура

Сеќавање на роднокрајниот писател Ристо Јованоски

Охрид, 20. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – По повод 30-годишнината од неговата смрт, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи сеќавање на роднокрајниот писател Ристо Јованоски.

– НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, во четврток, на 22-ри февруари, со почеток во 12:00 часот по повод 30-годишнината од смртта на роднокрајниот писател Ристо Јованоски (1952 – 1988) ќе одржи литературен портрет за неговото творештво, информираат организаторите.

Осврт кон творештвото на авторот ќе има поетот и писател Тоде Илиевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива