Избор Охрид

Метео: Облачно со повремен дожд и температура до 7. степени

Охрид, 24. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде облачно,попладне со повремени локални врнежи од дожд а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Максималната температура во Охрид до 7. степени.

– Од утре ќе бидеме под влијание на студена и влажна воздушна маса од која ќе има врнежи од снег. Во крајниот југоисток врнежите ќе бидат најпрво од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат ноќта во недела и во понеделник во текот на денот, особено во западните и јужните делови. До вторник се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог. Насекаде ќе се формира снежна покривка од околу 10 см, а на планините значително зголемување на истата (над 30 см), информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес