Избор Охрид Празници

Литургија по повод Тодорова сабота

Охрид, 24. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – По повод Тодорова сабота ќе се одржи Архиерејска литургија во манастирот „Св. Климент и Св. Пантелејмон“ на Плаошник, информираат од Дебарско – кичевската епархија.
Почетокот е во 08:45 часот, а со неа ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј.
Утре во истиот термин, Митрополитот г. Тимотеј ќе чиноначалствува со Архиерејската литургија по повод Неделата на Православието. Литургијата ќе се одржи во црквата „Св. Никола“ – Геракомија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива