Спорт

Челзи ќе купува нов дефанзивец во текот на летото

Лондон, 24. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Англискиот шампион Челзи планира да купи нов централен дефанзивец во текот на летото, пишува „Evening Standard“.

Раководството на „сините“ сака да земе млад, но во исто време искусен играч на овој пост, кој ќе донесе уште поголема конкуренција и сигурност во составот на Антонио Конте.

Во оваа сезона силно се шпекулираше дека Давид Луис идното лето ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“, откако не се разбира со менаџерот на тимот од Лондон.

И поради таа причина, раководството ќе се обиде да го привлече капитенот на Њукасл, Џамал Ласелс. 24-годишниот централен дефанзивец е еден од најстабилните во тимот на „страчките“, но е малку веројатно, менаџерот на тимот Рафаел Бенитез да се согласи да го продаде својот капитен. (Крај)

извор: Стандард фото: архива