Здравје Избор Охрид

Охриѓани се обоија во боите на ретките болести (Фото)

Охрид, 24. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Голем број јавни личности, институции, ученици,но и граѓани се вклучија во кампањата #ShowYourRare, која се реализира во текот на овој месец со што се подигнува јавната свест за лицата со ретки болести.

Синоќа во кафе барот Shilla беше организирано бесплатно цртање на лицата со боите на ретките болести, беа направени фотографии и објавени на социјалните мрежи, со што се даде поддршка на лицата со ретки болести.

retkibolesti1

Иницијаторот и организатор на активностите, Гордана Лолеска е задоволна од интересот и поддршката за оваа кампања, со што се покажа дека лицата со ретки болести не се сами.

kardioloski

retkibolesti3

retkibolesti4

На 28-ми февруари, по 11-ти пат, ќе се одбележи Денот на ретките болести, а годинашното мото е „Покажи ја својата реткост, покажи дека се грижиш“.

Денес, 300 милиони луѓе живеат со ретка болест. Постојат над 6,000 различни дијагнози, што значи ретките болести и не се толку ретки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Гордана Лолеска