Спорт

Русите барааат да настапат под свое знаме на затворањето на Олимпијадата

Пјонгчанг, 25. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Русија испрати официјално барање до Меѓународниот олимписки комитет да им се дозволи на спортистите од ова земја на церемонијата на затворањето да се појават под своето знаме.

Но, за таква одлука може да биде потребно да се почека до последната минута и Русите да бидат подготвени за ова.

Шефот на Руската олимписка делегација Станислав Позднјаков и олимписката вицешампионка во уметничко лизгање Евгенија Медведева барањето го доставија до делегацијата во канцеларијата на МОК и се надеваат одлуката да биде позитивна за нив.

Руските спортисти се натпреваруваа на овие Игри под олимписко знаме како казна за систематското користење на допинг. Така тие немаа право на интонирање на нивната химна при победа.

МОК одлуката треба да ја донесе најдоцна денес претпадлне. (Крај)

извор: Република фото: архива