Избор Охрид

Промовирана химната и спотот на Децата со ретки болести (Фото/Видео)

Охрид, 28. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од активностите за одбележување на Денот на ретките болести, беше промовирана химната на Децата со ретки болести, насловена „Сите сме исти“ во изведба на најдобрите на талент шоуто OhridSUPERSTAR.

Песната посветена на Децата со ретки болести е снимена во студиото „Китрозон“. Музиката е на Јовица Каралиевски, текстот го напиша Сашо Митан, а аранжманот на Јовица Каралиевски и Димче Китрозоски.

Авторите на песната не го криеја задовоството од крајниот производ.

– Од срце се зафативме да го работиме овој проект, да помогнеме со нашата работа, со парче музика да му овозможиме оптимизам на овие лица. И кај изведувачите беше видлива желбата дека тоа го прават со срце, рече Димче Китрозоски.

kitrozikarali

– И мене ми беше задоволство да учествувам, како композитор да дадам придонес, да помогнеме да се изврши една поголема афирмација на ова здружение кое ја поткрева свеста кај луѓето за помош на децата болни од ретки болести, рече Јовица Каралиески.

Химната ја исполнуваат најдобрите на талент шоуто OhridSUPERSTAR, односно OhridSUPERSTAR Band, кој го сочинуваат Ирма Гогова, Ивана Коскоска, Билјана Буџакоска, Емилија Петровска и Христијан Николоски. Дамјан Пејчиноски отсвири дел на гитара, а за снимањето на видео спотот се погрижи МЕГА Продукција и режисерот Илија Пиперкоски.

ohridsuperstarrband

ivanakoskoska

– За мене е посебено чувството што сум дел од песната „Сите сме исти“ посветена на лицата со ретки болести. Со многу емоции ја доживувам оваа песна. Познавам и деца кои боледуваат од ретки болести. Огромна благодарност за соработката со Илија Пиперкоски, Сашо Митан, Гордана Лолеска, Јовица Каралиески и Димче Китрозоски и од се срце ја давам поддршката за сите лица кои се соочуваат со ретки болести, вели Ивана Коскоска, една од изведувачите.

(Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес