Избор Култура

По 13 години Струмичкиот театар повторно на „Охридско лето“

Охрид/Струмица, 3. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица по пауза од 13 години повторно ќе учествува со своја претстава на годинашното издание на фестивалот „Охридско лето“.

Покрај учеството на овој наш реномиран фестивал, струмичките актери своите актерски достигнувања ќе ги претстават и на фестивалите „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, „Бит-фест“ во Битола, ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица, „Денови на комедијата“ во Куманово и МФАД „Стоби“ во Велес“.

Потврдено е учеството на фестивали во Враца и Софија (Република Бугарија), а се преговара за учество и на неколку фестивали во Русија.

Струмичкиот театар конкурираше со четири претстави до ресорното Министерство за култура, кои ќе бидат финансирани од државата. Во тековната година се планираат уште две претстави со сопствени средства и една за најмладите гледачи. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива