март 4, 2018

Охрид, 4. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во „Тамаро“ маркетот во Струга синоќа се одржа третата забава во рамките на проектот „Кога мислам на благо, мислам на Винчини“ кој трае во Охрид во текот на месеците февруари и март.tamarostrugavinc2

Проектот е креиран од страна на FEEL Produkcija за охридските „Тамаро“ маркети, а основната идеја е охриѓани да испраќаат видеа и фотографии со највкусните „Винчини“ производи во рамките на новиот проект со кој организаторите „ги прогласуваат“ февруари и март за месеци на „Винчини“ во Охрид и Струга.

tamarostrugavinc3 tamarostrugavinc4– Целиот проект се одвива под слоганот „Кога мислам на благо, мислам на Винчини“, а за сите учесници имаме навистина фантастични награди –  1.000 Винчини тортички за првопласираниот, 500 за вториот и 300 највкусни тортички како трета награда. Уште и незаборавен викенд за двајца надвор од државата по избор на добитникот, секојдневни награди на Супер радио и неделни награди од нашиот нов официјален партнер OutletOn. Се` што треба учесниците да направат е да снимат фотографија или видео во кои задолжително треба да има некој Винчини производ купен во посебното Винчини катче во најблискиот Тамаро маркет. Од вработените ќе добиете налепница која треба да ја искористите во видеото или фотографијата, кои треба да ги испратите на Facebook страната на Тамаро маркетите. Бидете креативни и добивајте награди, порачуваат организаторите.

награденото видео на Ана со кое си доби награда од OutletOn

Првата забава се одржа во „Тамаро 6“ маркетот (фабрика „Братство“), на улицата „7-ми ноември“, по што следуваше онаа во популарното Bistro Corner, а синоќа се „пресели“ во Струга, каде повторно се доделуваа награди и се одржа супер забава. Следната сабота, 10-ти март со почеток во 19:00 часот сите заедно ќе се дружиме во охридскиот Lounge bar MrI.

tamarovincini18извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука