Избор Струга Хроника

Багерист оштетил водоводна инсталација на МЈП „Проаква“ Струга

Струга, 5. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.С.(47) од селото Лактиње, општина Дебрца.

Тој, казненото дело го сторил на 28-ми декември минатата година при извршување на комунални работи со употреба на тешка градежна механизација (багер) при чистење на мелиоративниот канал на Струшкото поле. Притоа, сега пријавениот од небрежност ја оштетил јавната водоводна инсталација на МЈП „Проаква“ Струга лоцирана во непосредна близина на магистралниот пат Струга-Подмољје. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива