Забава Избор Охрид

Вечерва голем концерт на Каролина Гочева во Охрид

Охрид, 9. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на FEEL Продукција, вечерва во Охрид ќе се одржи охридска промоција на новиот албум на неповторливата Каролина Гочева – „Извор“.

– Дојдете и слушнете ги песните од последниот албум на Каролина во живо, а сите заедно ќе се потсетиме и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“. Повторно повелете „СИТЕ ВО ОХРИД“, да се забавуваме со квалитетна музика и артисти. Ќе имаме еден фантастичен 8-мо мартовски викенд во нашиот прекрасен Охрид. Билетите ќе се продаваат и денес во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, како и во Бистро Корнер. За тие кои нема да се во можност да ги купат од продажните места, билети ќе се продаваат и на самиот влез од 18:00 до 21:00 часот. Вратите за влез ќе бидат отворени од 19:00 часот, порачуваат од FEEL Продукција.

Концертот ќе се одржи во Спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 21:00 часот.

Во кафе барот „Mr I“ денес ќе се одржи прес конференција на која ќе бидат соопштени сите детали за концертот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес